Македонска Каменица (Соопштенија): СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

објавено во Општински вести | 0
Македонска Каменица (Соопштенија): СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Врз основа на Законот за локалната самоуправа, Законот за комуналните дејности, Законот за јавна чистота, Законот за управување со отпад, Законот за животната средина, Законот за инспекциски надзор во животната средина, Законот за инспекциски надзор, Законот за ветеринарно здравство и Одлуката за комунален ред на Општина Македонска Каменица, а согласно Договорот за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Македонска Каменица и Општина Делчево за вршење инспекциски надзор од областа на животната средина, ја известуваме јавноста дека во наредниот период ќе се вршат засилени инспекциски контроли на територијата на општината.

Контролите ќе бидат насочени кон:

• отстранување на хаварисани, нерегистрирани и напуштени возила од јавни површини;

• отстранување на огревни дрва, градежен материјал, отпад и други предмети оставени на тротоари, улици, паркинзи и други јавни површини;

• спречување на загадување и нарушување на јавната чистота;

• одгледување и чување живина, свињи и други домашни животни спротивно на законските и општинските прописи.

Се повикуваат сите граѓани, како и правните и физичките лица, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на ова соопштение доброволно да ги отстранат утврдените неправилности и да постапат согласно важечките прописи.

По истекот на наведениот рок, надлежниот инспектор ќе врши инспекциски надзор и ќе презема мерки согласно законските овластувања, вклучително и изрекување опомени, донесување решенија, издавање прекршочни налози и поведување соодветни постапки.

Општина Македонска Каменица апелира до сите граѓани со своето одговорно однесување да придонесат за почиста, побезбедна и поздрава животна средина.


Извор: Општина Македонска каменица