Крива Паланка (Новости): За секое новороденче во Крива Паланка по 15 000 денари

објавено во Општински вести | 0
Крива Паланка (Новости): За секое новороденче во Крива Паланка по 15 000 денари

Општина Крива Паланка, согласно Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година и Одлука на Советот, во текот на 2026 година ќе исплаќа еднократна парична помош во зголемен износ од 15.000 денари за секое семејство со новороденче.

Право на оваа парична помош имаат семејствата со новороденче родено во периодот од 01.01.2026 до 31.12.2026 година, под услов родителите да имаат адреса на живеење на територијата на општина Крива Паланка.

Мерката претставува позитивен поттик и стимулација за зголемување на наталитетот, како и олеснување на финансиските трошоци поврзани со грижата за новороденчето.

Потребните документи се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2026 година на подрачјето на општина Крива Паланка.

Кон Барањето задолжително се доставуваат следните документи:


Извор: Општина Крива паланка