Со цел да се стимулираат домаќинствата за примена на посовремени, поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи уреди за затоплување на вода, Општина Пробиштип објавува Јавен повик за поврат на дел од средствата за купени сончеви колектори во 2026 година.
Вкупниот буџет за оваа намена изнесува300.000,00 денари, а субвенционирањето ќе се спроведува по принципот„прв дојден – прв услужен“.
💰Износ на субвенцијата
Право на учество за субвенционирање на дел од средствата за купување на сончев колектор има секој барател кој ги исполнува следните услови:
📂Потребни документи за аплицирање
Барателот е должен да ги достави следните документи во прилог на барањето:
✍️Начин и рок на пријавување
Аплицирањето започнува со денот на објавувањето на Јавниот повик и ќе траедо крајот на ноември 2026 година, односно до целосно исцрпување на предвидените буџетски средства.
Документите се доставуваат возатворен пликво архивата на општина Пробиштип на адреса:
ул. „Јаким Стојковски“ бр. 1, Пробиштип(секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот)
На пликот задолжително треба да стои назнаката:
„Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на сончеви колектори“
⚠️Важна напомена:Пристигнатите барања ќе се евидентираат со точното време на поднесување (датум, час и минута) за точно утврдување на редоследот. Комисијата формирана од Градоначалникот ќе изврши теренски увид за да потврди дека сончевиот колектор е соодветно монтиран во објектот на барателот пред да се донесе конечното решение за исплата.
Подолу се ставени потребните документи за преземање:
Изјава за користење на личните податоци
Изјава за семејна состојба
Изјава, нема претходен корисник член на смејество
Образец за сончеви колектори
Јавен повик за сончеви колектори
Извор: Општина Пробиштип