Вчера, градоначалникот на општина Василево,Славе Андонов, со членовите на друштвото Баделци од Василево, собраните средства од хуманитарниот настан сречки, што се одржа на Богојавление Водици, во Василево, му ги предадоа на Влатко Митев од Василево, лицето за кое беа наменети. Како што информира Андонов станува збор за сума од 136 000 денари.Фотографија од посетата во домот на Влатко Митев, преку својот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24, објави градоначалникот Андонов, кој притоа потсети дека Василево знае да биде сплотено, солидарно и хумано кога е најпотребно.„Го посетивме нашиот сограѓанин Влатко Митев и му ја предадовме собраната помош, од хуманитарниот настан што се одржа пред црквата ,, Успение на Пресвета Богородица ” во Василево. Василево покажа, дека знае да биде сплотено, солидарно и хумано кога е најпотребно. Со заеднички сили, со отворени срца и искрена желба помогнавме и ја покажавме нашата човечност. Денес му ги предадовме средствата во вкупна вредност од 136.000 денари, како поддршка и надеж дека не е сам во оваа борба. Благодарност и до друштвото ,, Баделци ” за прекрасната организација на вчерашниот настан. Заедно сме посилни. Василево знае што значи хуманост и заедништво“.Настанот сречки беше во организација на друштвото Баделци од Василево, кои преку донации од хумани граѓани, и со сречка од само сто денари, го реализараа овој настан за помош на сограѓанинот Влатко Митев. Генерален покровител на настанот беше општина Василево, која со одлука на општинскиот совет ја обезбеди главната награда.
недела, 15 март 2026, 10:06
вторник, 24 февруари 2026, 11:08
понеделник, 23 февруари 2026, 12:34
четврток, 19 февруари 2026, 11:02
среда, 18 февруари 2026, 09:19
Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk
Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.
Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]
Извор: Општина Василево