Делчево (Новости): Научна трибина „Искра на вечна слобода на македонскиот народ“

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Научна трибина „Искра на вечна слобода на македонскиот народ“

Во предвечерието на централната прослава по повод одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, Општина Делчево во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ организира ше научна трибина која има една единствена цел- на едно место да се чујат и запишат, историските аспекти, анализи и помалку или повеќе познати факти поврзани со првото самостојно организирано востание на македонско тло, Разловечкото востание кое го предводи бурниот предилинденски период.

На трибината учествуваа профд‑р ВанчоЃеоргиев, проф.д-р Никола Миновод Филозофскиот факултет,д‑р Мирјана Нинчовска од Музеј на Македонијаи пензионираниот професор по историја од делчевската гимназија  Митко Антовски.

Научната трибина ја отвори директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Златко Начевски кој истакна дека наша обврска денес е да ја чуваме историската вистина, да ја негиваме културата на сеќавање и да им ја пренесеме на младите генерации важноста на овие настани.

Говорејќи за значењето на научната трибина, градоначалникот Иван Гоцевски посочи дека целта на трибината е да се соберат нови научни трудови кои потоа Општина Делчево ќе ги издаде во книга која ќе остане во аналите со што се продолжува и традицијата од пред 50 години, кога на оваа тема твореле, а по повод 100-годишнината од Востанието: Академик Михајло Апостолски, претседател на МАНУ и на Советот на „Гоцеви денови“, Владо Малески, член на Претседателството на СР Македонија, проф. Љубен Лапе, дописен член на МАНУ и член на Советот на „Гоцеви денови“.

-Ние не смееме да дозволиме, Разловечкото востание да падне во заборав, ние како одговорни луѓе треба да ја чуваме, промовираме и да ја раскажуваме приказната за едно тешко време, за една борба, за искрата која се распламтила и започнала од Разловци да се шири со таква сила несопирлива од различните временски периоди. Таа приказна мора да ја слушат нашите деца, да ја научат и да ја знаат, за да ја остават на своите наследници како аманет, нагласи Гоцевски.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево