Обединети под „Априлијадата“ и бујната детска фантазија и имагинација, денеска стотина маски го обоија Делчевово знакот на детскиот свет. Низ градот продефилираа принцези, пчели, самовили, најразлични животни и ликови од детските бајки, но и јунаци кои се борат за правдата и се заштитници на обесправените. Тие преку своите маски ни покажаа дека светот може да биде поубав, поразигран, а секој костум носи приказна раскажана од детските очи и смеа.Низ џагор и смеа, детскиот свет потсети дека смеата, креативноста и ведриот дух се дел од секојдневието што треба да го негуваме.
Годинава домаќини на „Априлијадата“ беа ученици од ООУ „Ванчо Прке“,кои со многу шеги и игра на летната сцена во Делчево, ја разбрануваа многубројната публика и покажаа дека оваа манифестација не е само игра. Таа е симбол на детството, на слободата да се биде свој и на храброста да се сонува.
На летната сцена со своја игра под маски,освен ученицитена ООУ „Ванчо Прке“, настапијаи ученици од ООУ „Св.Климент Охридски“, а голема атракција беа најмалите,дечињата од детската градинка „Весели цветови“.Сите заедно на сцената, тие испратија порака дека Априлијадата е повеќе од дефиле- таа е сцена на која децата сакаат да ја изразат својата фантазија за да се создаде еден поубав свет.
Традиционално, Априлијадата се организира по повод Денот на шегата, 1 Април, но поради лошите временски услови во делчево, организаторите одлучија танцот на децата под маски да се одржи денес.
Инаку, организатор на настанот е Општина Делчево со поддршка насите образовни институции во градот иНУЦК „Н.Ј.ВапцаорвиЈЛБ „Илинден“.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево