Велес: ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „КОН ТВОРЕШТВОТО НА ВАСИЛ ТОЦИНОВСКИ“ И ПРОМОЦИЈА НА СПИСАНИЕТО „ВЕЛЕС“

објавено во Општински вести | 0
Велес: ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „КОН ТВОРЕШТВОТО НА ВАСИЛ ТОЦИНОВСКИ“ И ПРОМОЦИЈА НА СПИСАНИЕТО „ВЕЛЕС“

Во рамки на чествувањето на 63.Рацинови средби вчеравечер во локалната библиотека „Гоце Делчев“  се одржа промоција на монографијата „Кон творештвото на Васил Тоциновски“ од авторот Васил Дрвошанов. За делото на и вредноста на овој  значаен македонски литературен деец, истражувач, критичар и дводомен писател говореше промоторот Мишо Китановски кој со длабока емотивност се осврна на богатото творештво на Васил Тоциновски и трајниот белег што го остава на македонската книжевност и култура.

Повод за објавување на монографијата е 80 години од животот и творештвото на Васил Тоциновски и содржи 14 опсежни прилози, поделени во три поглавја, поетски интерпретации, книжевни книги и јазични анализи.

Во спомен куќата на Рацин пак одекнаа стиховите на велешките поети кои со своето творештво го оживеаја духот и наследството на големиот поет.  Во рамки на настанот се промовираше и списанието „Велес“. Промоторот Васил Тоциновски говореше за улогата на списанието во зачувување и промоција на културното наследство на Велес.

Присутните на настанот уживаа во магијата на зборот и мелодијата обединети во едно незаборавно доживување.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес