Велес: НАЈМЛАДИТЕ ВО ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖАА 1 АПРИЛ, ДЕНОТ НА ШЕГАТА

објавено во Општински вести | 0
Велес: НАЈМЛАДИТЕ ВО ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖАА 1 АПРИЛ, ДЕНОТ НА ШЕГАТА

Изостана најинспиративното и највеселото дефиле за 1 Април, денот на шегата, низ улиците на Велес, но не изостана насмевката кај најмалите наши сограѓани кои преправени во маските на своите омилени ликови од цртните и природата донесоа радост на дождливиот пролетен ден. Сите во своите објекти, децата од градинката „Димче Мирчев“ и основните училишта, облечени во првоаприлски костими, го одбележаа највеселиот и најшегобијниот ден во годината, 1 Април.

Нека смеата одекнува, маските нека блескаат, а срцата на децата секогаш бидат исполнети со радост.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес