По две недели исполнети со спортски дух, дружење и фер-плеј, успешно заврши XIV Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“. Ваквите спортски настани имаат огромна поддршка од градоначалникот и Советот на Општина Новаци, кои континуирано придонесуваат за развојот на спортот и зачувувањето на традицијата.
Турнирот, кој го носи името на прерано починатиот војник Пеце Матичевски, и оваа година ги обедини љубителите на фудбалот, а особено внимание привлече хуманиот гест на победничката екипа „Монтажни Гаражи Пичул“, која дел од освоената парична награда ја донираше на таткото на Пеце Матичевски, покажувајќи дека спортот не е само натпреварување, туку и солидарност, почит и човечност.
Конечен пласман:
Прво место – Монтажни Гаражи Пичул
Второ место – Бамбал Тим Караџи
Трето место – Сквер Кафе
Четврто место – Вип Лимо Луксор
Индивидуални признанија:
Најдобар играч – Иван Димовски
Најдобар голман – Цуни
Награда за фер-плеј екипа – Вип Лимо Луксор
Уште еднаш се потврди дека Меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ е многу повеќе од спортска манифестација – тој е симбол на дружење, почит и спомен кој продолжува да живее преку спортот и хуманоста. Нека оваа традиција продолжи и во годините што следуваат
Извор: Општина Новаци