Радовиш (Вести): Градоначалникот Почивалец оствари средба со претставници на Шведската агенција з

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Вести): Градоначалникот Почивалец оствари средба со претставници на Шведската агенција з

Остварена средба со претставници од Шведската агенција за заштита на животната средина и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање кои се носители на проектот „Поддршка на пристапувањето на Македонија кон ЕУ во областа на животната средина“ (SMEF), финансиран од Шведската агенција за заштита на животната средина, а чиј корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање.

На состанокот се дискутираше за потенцијалните чекори и поддршка на локално ниво, каде што Општина Радовиш ќе биде вклучена како активен партнер и поддржувач во проектните активности.


Извор: Општина Радовиш