January 28, 2026|Известувања|admin
Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (“Сл.весник на РСМ” бр. 32/20 год.) Градоначалникот на општина Петровец, објавува
Се организира повторна Јавна презентација и Јавна анкета на предлог-Урбанистички план за село Ржаничино, со разработка на блок 6 и блок 7, Општина Петровец.
Изработката на Урбанистички план за село Ржаничино со разработка на блок 6 и 7, Општина Петровец, има за цел поставување на урбанистички концепт за организација на просторот во границите на планскиот опфат, а во исто време претставува континуитет во развојот на подрачјето на планскиот опфат, усогласувајќи го планскиот документ со поставките и параметрите дадени соУсловите за планирање на просторот кои произлегуваат од Просторниот план на РМ како и со одобрената Планска програма за овој план.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 217,38ха.
Наменската употреба на земјиштето и градбите е уредена на ниво на наменски зони. Наменска зона е ограничена површина од градежното земјиште со иста наменска употреба на земјиштето. Уредувањето на намената на земјиштето во урбанистичкиот план за село се врши со системот на класи на намени како инструмент со кој се врши класификација на дејностите и активностите во планскиот опфат. Согласно целите дефинирани со Планската програма како и Правилникот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ, бр.225/20, 219/21 и 104/22), со оваа планска документација се врши уредување на наменските зони и сингуларните намени со следните ознаки:
Нацрт –планот ќе биде изложен на:
Јавната презентација на Предлог планот ќе се одржи на ден 17.02.2026 год. со почеток во 12:30 часот во зградата на Општина Петровец.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦГрадоначалникБорче Митевски
Извор: Општина Петровец