Радовиш (Вести): Меморандум за соработка и учество во проектот „Нула Биоотпад“

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Вести): Меморандум за соработка и учество во проектот „Нула Биоотпад“

Градоначалникот Љупче Почивалец, во име на Општина Радовиш, потпиша Меморандум за соработка со Зелен институт како носител и Националното здружение на сопственици на приватни шуми како партнер во проектот„Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“.

На средбата беа разменети дополнителни информации за текот на соработката и активностите кои ќе се реализираат во периодот што следува.

На состанокот присуствуваа претседателката на Зелен институт, претседателот на Националното здружение на сопственици на приватни шуми, Војо Соколовски, како и двете експертки ангажирани во проектот – Ана Петровска и Лилјана Поповска.

Со учеството во овој проект, Општина Радовиш ќе придонесе кон унапредување на системот за управување со биоотпад, поттикнување на одржливи практики и поголема вклученост на граѓаните во заштитата на животната средина.


Извор: Општина Радовиш