Делчево (Новости): Пролетно разубавување на Делчево

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Пролетно разубавување на Делчево

Нови декоративни аранжмани со цвеќиња го разубавуваат Делчево во пресрет на пролетта. Деновиве ЈКП „Брегалница“ засади околу 1.200 пролетни цвеќиња и со декоративен камен ги збогати јавните површини кај градските семафори и во паркот во Ново Делчево.

Како што информираат од претпријатието, овие активности се дел од заложбатаза создавање поубаво, почисто и попријатно урбано опкружување за сите граѓани, а со внимателен избор на сезонски насади и уредување до најмал детал, парцелите прераснаа во вистински освежени зелени катчиња.

Акцијата за пролетно разубавување на Делчево ќе продолжи и наредниот период со засадување садници  по должината на булеварот, во градскиот парк  АСНОМ и покрај тениското игралиште.

Пролетна акција за расчистување и уредување на дворното место имаа и вработените од детската градинка „Весели цветови“.

Од градинката споделија дека созаеднички трудсеразубавувапросторот каде што децата секојдневно играат, учат и растат.„Со оваа активност уште еднаш покажавме дека кога сме сплотени, можеме да создадеме уште поубава, побезбедна и поттикнувачка средина за нашите дечиња“-нагласија од детската градинка.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево