Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Матеја Матевски“, зад кулите Џевахир – место што со години претставуваше инфраструктурен и сообраќаен предизвик.
Конечно ставаме крај на еден децениски проблем и создаваме безбедна и функционална улица за сите. Жителите добиваат сигурна делница за движење и нормален сообраќај – нешто што одамна го заслужуваат.
Истовремено, и ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче добива комплетна и функционална целина.
Го поврзуваме училишниот објект со фискултурната сала, создавајќи современ и функционален простор за учениците и за наставниците, а со тоа обезбедуваме директен и безбеден пристап до салата, без изложеност на временски услови – значајно подобрување за наставата.
Инвестираме во подобар Аеродром – за подобар живот за сите.
Овозможено одМинистерство за дигитална трансформација.
Извор: Општина Аеродром