Центар (Соопштенија): КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРО УРЕДЕНО УЧИЛИШТЕ СО РЕЦИКЛИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ОПШ

објавено во Општински вести | 0
Центар (Соопштенија): КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРО УРЕДЕНО УЧИЛИШТЕ  СО РЕЦИКЛИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ  ВО ОПШ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРО УРЕДЕНО УЧИЛИШТЕ

СО РЕЦИКЛИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ

ВООПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Општина Центар-Скопје распишува конкурс на тема„Учиме да рециклираме  – заедно креираме“за избор на најдобрo уредено училиште (училница или кабинет) со рециклирани материјали.

Цел на натпреварот е да се подигне свеста на учениците, родителите и наставниот кадар за важноста на животната средина. Рециклирањето претставува модел за заштита на нашето опкружување и како процес може да се претстави во креативно осмислување и уредување на внатрешен училиштен простор, одреденаучилница или кабинет.

II  ПРАВО НА УЧЕСТВО И КРИТЕРИУМИ

Право на учество на конкурсот имаат учениците од прво до дететто одделение, нивните родители и наставниот кадар од сите основни училишта на територија на ОпштинаЦентар-Скопје, при што задолжително е почитување на следниве критериуми:

III РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријава за учество на конкурсот и фотографии од уредениот простор треба да се доставатдо Архивата на Општина Центар-Скопје (Барака 6) ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 Скопје, од 9:00 до 15:00 часот, со назнака: До Сектор за јавни дејности – За награден конкурс„Учиме да рециклираме – заедно креираме“. Заинтересираните може да се пријавуваат на конкурсот од 16.2.2026 година до 15.5.2026 година.

На секоја творбаЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се наведат податоци за учесникот (училиште, одделение, ментори).

Учеството е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите училишта од Општина Центар-Скопје.

Доставените пријави за конкурсот ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје. Комисијата, составена од претставници на јавната администрација од соодветните сектори и членови на Советот на Општината, ќе изврши увид и избор на најкреативната училница или кабинет во кои максимум се почитувани наведените критериуми.

V  СРЕДСТВА И НАГРАДИ

Во Програмата за образование за 2026 година предвидени се финансиски средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје со кои Општината ќе обезбеди парична награда за училиштата што ќе освојат прво, второ и трето место на конкурсот.

Наградите ќе бидат доделени во мaj 2026 година.

Конкурсот ќе биде објавен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје и во општинските основни училишта.

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ


Извор: Општина Центар