Чаир (Новости): Меџити: Признание за наставниците по повод Денот на учителот

објавено во Општински вести | 0
Чаир (Новости): Меџити: Признание за наставниците по повод Денот на учителот

Покрај официјалните протоколи, просториите на Општина Чаир беа исполнети со почит и благодарност за оние кои образувале цели генерации. По повод 7 Март – Денот на учителот, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, организираше средба со претставници од образованието и пензионирани наставници, изразувајќи благодарност и признание за нивниот долгогодишен придонес во образованието и воспитувањето на младите генерации.

На оваа средба беа доделени признанија за истакнати наставници, како знак на почит за нивната посветеност и работа во образованието. „Наставниците се темелот на секое здраво општество и секој успех на младите генерации е резултат на нивната посветеност и работа. Затоа образованието останува постојан приоритет за Општина Чаир,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Општина Чаир продолжува да инвестира во развојот на образованието преку подобрување на условите во училиштата, нивно опремување со современи средства и инфраструктура, како и преку изградба на две нови модерни училишта – „Митхат Фрашери“ и „Victory“, кои значително ќе ги подобрат условите за учениците и наставниците.

На крајот од настанот, градоначалникот Меџити им го честиташе 7 Март – Денот на учителот на сите наставници, изразувајќи посебна благодарност за нивната посветеност и придонес во образованието на младите генерации.


Извор: Општина Чаир