Јегуновце (Вести): Успешно реализирана втората фаза од дезинсекцијата против комарци во Општина Јегуновце

објавено во Општински вести | 0
Јегуновце (Вести): Успешно реализирана втората фаза од дезинсекцијата против комарци во Општина Јегуновце

14/07/2026|Вести,Известувања|Општина Јегуновце

Општина Јегуновце ја известува јавноста дека во текот на изминатава недела успешно се спроведе втората фаза од тереската дезинсекција (прскање) против комарци.

Согласно однапред утврдениот план и програмата за заштита на населението од заразни болести, со оваа акција беа опфатени сите предвидени локации во населените места, како и сите излетнички места на територијата на нашата општина. Целта на овие активности е сузбивање на комарците и обезбедување попријатен престој на граѓаните на отворено во текот на летниот период.

Општината продолжува будно да ја следи состојбата на терен. За целосна и долготрајна заштита, во претстојниот период е планирано да се изврши уште едно, трето прскање, за чиј точен термин граѓаните и пчеларите ќе бидат навремено известени.

Апелираме до граѓаните, а особено до пчеларите, да ги следат соопштенијата на општинската веб-страница и социјалните мрежи за навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства за време на следното третирање.

Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk


Извор: Општина Јегуновце