Грижата за зелените површини и урбаната средина останува континуиран приоритет во Општина Чаир. Денес, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, започна еднонеделна акција за одржување, со фокус на чистење на зелените површини и кроење на дрвјата.
Во активностите се ангажирани околу 70 работници од претпријатието, заедно со сезонските работници и расположливата комунална механизација. Акцијата започна во Топанско Поле – Мега Парк и ќе продолжи на повеќе локации, за да заврши во Паркот на Чаир.
Зелените површини се составен дел од секојдневието и квалитетот на живеење во Чаир. Затоа, грижата за нив продолжува без прекин.
Извор: Општина Чаир