Ј А В Е Н О Г Л А С
За избор на Директор на јавно претпријатие ,,Доминг“ Македонска Каменица
Се распишува јавен оглас за избор на Директор на јавно претпријатие ,,Доминг“ Македонска Каменица со мандат од 4 (четири) години.
За директор на Јавното претпријатие ,,Доминг“, Македонска Каменица може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
1. Да е државјанин на Република Македонија,
2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
4. Да има минимум пет години работно искуство,
5. Да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) или сертификат/уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски).
За исполнување на наведените услови кандидатите треба да ги достават следните докумети во оригинал или фотокопија заверена кај нотар:
– Пријава (образец во прилог);
– Уверение за државјанство не постаро од 6 (шест) месеци;
– Лекарско уверение од доктор на медицина на трудот,
– Доказ за завршено соодветно високо образование;
– Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
– Потврда за работно искуство по дипломирањето;
– Програма за работа и развој на јавното претпријатие „доминг“ Македонска Каменица за наредните 4 (четири) години.
– Mеѓународно признат сертификатилисертификат/уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски).
Нето платата на Директор на јавно претпријатие ,,Доминг“ Македонска Каменица изнесува 37.125,00 денари.
Рокот за доставување на документите е 5 (пет) работни дена од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат, не сметајќи го самиот ден на објавувањето.
Документите се доставуваат лично или по пошта на адреса – Општина Македонска Каменица ул.,,Каменичка“ бр.2 со назнака ,,За јавен оглас за избор на Директор на ЈП Доминг Македонска Каменица“
Изборот ќе се изврши во рок од 20 (дваесет) дена од завршувањето на огласот.
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да бидат разгледувани.
Извор: Општина Македонска каменица