Со цел систематско унапредување на спортската култура, поттикнување на активен и здрав начин на живот, како и зајакнување на меѓуинституционалната соработка на локално ниво, Општина Берово ги организира „Работничките спортски игри 2026“ во дисциплината мал фудбал.
Настанот ќе се реализира во периодотфевруари – март 2026 година.
Општина Берово, во својство на домаќин и организатор, ги поканува сите заинтересирани јавни институции и правни субјекти кои имаат интерес да земат учество, да се пријават за учество на Работничките спортски игри.
Првиот организациски состанок ќе се одржи на09.02.2026 година (понеделник), со почеток во14:00 часот, воСалата за Совет на Општина Берово.
Се повикува секоја заинтересирана екипа да присуствува, со по еден свој претставник, со цел запознавање со правилата и прописите за Работничките спортски игри 2026.
На турнирот е дозволено учество исклучиво на лица кои се жители наОпштините Берово и Пехчево.
Рокот за пријавување е до16.02.2026 година (понеделник), до14:00 часот.
Планираниот почеток на турнирот е19.02.2026 година (четврток), во зависност од временските услови.
Пред започнување на извлекувањето на групите, односно утврдување на распоредот на натпреварите, сите пријавени екипи се должни да достават конечен список совкупно 12 играчи, кој ќе биде достапен на увид за сите екипи учеснички. Доставениот список ќе важи до завршување на турнирот и не се дозволени никакви измени во истиот.
За најуспешните учесници ќе бидат обезбедени пригодни награди од страна на Општина Берово.
Пријавите за учество се поднесуваат во просториите на Општина Берово.
Лица за контакт од Општина Берово:
Новица Печински тел. 078 568 818
Зоран Нешкевски 071 626 649
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово