Во Делчево во тек еобележувањена хоризонталната сигнализација на сообраќајницитешто претставува редовна активност на Општина Делчево, кога станува збор за одржување на хоризонталната сигнализација. Со оваа активност сеобезбедуваат услови за безбедно користење и употреба на улиците од страна на сите учесници во сообраќајот со што директно се влијае на зголемување на безбедноста во сообраќајот во Делчево.
Со обележување ќе биде опфатена вкупна површинаодоколу500 м2, а ќе сеобележуваатосовински линии и линии водилки, стрелки, сообраќајни острови, пешачки премини со стоп–линија, ознаки на коловозот итн.,по уличната мрежа во градот.
Изведувач на работите е ВИА СИГНАЛ ДООЕЛ Скопје со кој Општина Делчево има склучено договор за јавна набавка на услуги „Одржување хоризонтална сигнализација“.Вредноста на договорот кој е годишен, изнесува околу 800 илјади денари.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево