Радовиш (Вести): Јавен повик за прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на к

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Вести): Јавен повик за прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на к

Врз основа на чл. 2, ст.4, ст.6, ст.7, ст.8 и ст. 9, чл. 21, чл. 22, чл.36, чл.50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник бр.5/ 2002), потоа чл. 14, чл.15, чл.16, чл.17, чл.21, чл.43, чл.53 и чл.55 од Статутот на Општина Радовиш (Службен гласник на Општина Радовиш бр.07-765/1 /2002), Решение бр.08-301/2 од 13.03.2026 година за формирање на Комисија и Одлука бр.09-321/1 од 17.02.2026 година, Градоначалникот на Општина Радовиш објавува:

За прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од областа на локален економски развој, заштита на животната средина, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, социјална кохезија, образование и култура од здруженија на граѓани и фондации од Општина Радовиш во согласност со стратешките и програмските документи на општината, финансирани од буџетот на Општина Радовиш за 2026 година.

Финансиските средства предвидени во буџетот на Општина Радовиш за 2026 година, во програмата G1 за вклучување на проекти од стратешки локален развој изнесувааат 1.000.000 денари. Истите ќе бидат распределени по доставен и одобрен предлог проект на здруженија на граѓани и фондации.

Субјекти кои имаат право да конкурираат со свои предлог проекти се здруженија и фондации со седиште во Општина Радовиш.

Предвидениот период за реализација на проектните активности да биде до 10 декември 2026 година.

Продолжување на предвидениот период за реализација на проектните активности може да биде дозволено само во случај на поднесување на писмено барање, со соодветно образложение за оправданоста на истото.

Потребни документи за аплицирање:

Документите треба да бидат пополнети со печатни букви во кирилско писмо, потпишани од застапникот и заверена со печат и штембил, Здружението или Фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози, кои можат да се симнат од веб страницата на Општина Радовиш или подигнат во Одделението за Локален Економски Развој при Општина Радовиш :

Доставената апликација / предлог проект задолжително треба да биде пополнета со печатни букви со кирилско писмо, потпишана од застапникот на правното лице и заверена со печат на Здружението на граѓани или фондацијата.

Општина Радовиш го задржува правото на корегирање на буџетот и активностите на поднесениот предлог проект.

Проектната документација се доставува преку пошта(препорачано) или лично на адреса:

Одделение за локален економски развој

Бул.Александар Македонски бб

Во архива на Општина Радовиш

Краен рок за поднесување на предлог проектната документација е 30 дена од објавувањето на јавниот оглас од 17.02.2026, и завршува заклучно до 18.03.2026 година до 15,00 часот.

На пликот во горниот лев агол треба да стои “Не отварај“ а на долниот десен агол “За јавен повик за здруженија за граѓани – Општина Радовиш“.

Напомена:Непотполните апликации и апликациите кои се пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените апликации не се враќаат.

Подносителите на предлог проектните апликации, по јавниот оглас, ќе бидат известени во рок од 30 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средствата од буџетот на Општина Радовиш за 2026 година.

Ристе Стевков – Раководител на одделение

Лазар Газепов – Советник

Слободан Камчев – Виш соработник

Одделение за локален економски развој

E-mail:radovis@radovis.gov.mk

_______________________

Пријава за предлог проект Радовиш


Извор: Општина Радовиш