Со цел, негување на спортскиот дух, спортување и подобрување на соработката помеѓу институциите и правните субјекти на локално ниво, Општина Берово и оваа година организира „Работнички спортски игри“ во мал фудбал .
Настанот ќе се одржи во периодот–февруари – март 2026 год.
Општина Берово, како домаќин и организатор на овие игри , ги поканува сите заинтересирани јавни институции, и правни субјекти, доколку сакаат да земат учество, да се пријават за учество на работничките спортски игри.
Вториот состанок за РСИ 2026, а воедно и ждрепката за групите, ќе се одржи на ден16.02.2026 год (понеделник ),со почеток во14 часот, во салата за совет во Општина Берово.
На турнирот е дозволено учество само на жители на Општините Берово и Пехчево.
Пријавувањето ќе трае до16.02.2026 год. ( понеделник ) до 14.00 часот.
Турнирот е планирано да започне на19.02.2026 год. (четврток ).
Пред почетокот на извлекувањето на групите или распоред на натпреварите, сите екипи се должни, да достават точен список, на вкупно 12 играчи, кој ќе биде на увид, на сите екипи учесници.
Овој список ќе биде конечен, се до завршување на турнирот и не се дозволени никакви измени во него.
За најдобрите учесници, ќе бидат обезбедени пригодни награди, од страна на Општина Берово.
Пријавите може да се поднесат во просториите на Општина Берово.
Лица за контакт од Општина Берово:
Новица Печински тел. 078 568 818
Зоран Нешкевски 071 626 649
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово