Врз основа на член 4 и член 8 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор („Службен гласник на Општина Велес“ бр.8/22 и 6/24), Општина Велес објавува
1.1 Општина Велес, со цел да ги стимулира жителите за помала потпрошувачка на електрична енергија во домаќинствата, на физичките лица од своето подрачје ќе им обезбеди субвенионирање на дел од направените трошоци за купен сончев термален колектор, во периодот од денот на објавувањето на овој јавен повик на ден 05.05.2026 до 03.06.2026 година.
1.2 Право на користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес имаат жителите на Општина Велес кои ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор и инсталираат сончев колектор за топла вода во објект за домување (станбен објект).
1.3 На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во износ од 50% од вредноста на сончевиот термален колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход согласно Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2026 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр.4/26). Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.
1.5 Јавниот повик трае 20 работни дена од денот на објавувањето на ден 05.05.2026 до 03.06.2026 година.
1.6 Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
2.1 Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на сончев термален колектор имаат физички лица кои се жители на Општина Велес и кои ги исполнуваат условите од точката 3 од овој јавен повик.
3.1 Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:
3.2 Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор, по службена должност ќе врши проверка на платен данок од страна на барателот. Доколку данокот на имот не е платен, барателот ќе биде задолжен од Комисијата да го плати во рок од 10 дена и да достави соодветен доказ за извршената уплата. Доколку во дадениот рок барателот не го подмири данокот истиот нема право да учествува во извлекувањето по случаен избор-транспарентно.
4.1 Барателот по објавување на јавниот повик треба да достави:
доказ – фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка со датум од денот на објавувањето на јавниот повик на ден 05.05.2026 до 03.06.2026 година;
4.2 Барањето и изјавите од точката 4.1, може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбедат од интернет страната на Општината:www.veles.gov.mk).
4.3 Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација треба да се достави електронски наhttps://euslugi.veles.gov.mk/или во архивата на Општина Велес, на ул. „Панко Брашнар“ бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик на кој е наведено: „Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.
4.4 На барателот со доставувањето на пликот во архива ќе му биде издаден архивски број со дата и час на достава на барањето.
5.1 Постапката по јавниот повик ја спроведува Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор, формирана од Градоначалникот на Општина Велес.
5.2 По завршувањето на јавниот повик, Комисијата на своја седница ги разгледува сите пристигнати барања и сите уредни и комплетни барања ќе бидат дел од посебна затворена кутија за спроведување на системот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.
5.3 Комисијата, постапката за избор на барања ,,со извлекување по случаен избор – транспарентно” ќе ја спроведе во рок од 15 дена по комплетирање на целокупната документација.
5.4 Некомплетните барања нема да бидат предмет на понатамошна постапка.
5.5 Комисијата има право на посета кај барателот за да утврди дали купениот колекторот е инсталиран во станбен објект кое е живеалиште согласно податоците од доставената изјава заверена на нотар. Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор. Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.
5.6 Комисијата, по спроведувањето на постапката доставува предлог до Градоначалниот на Општина Велес за одобрување на барањето за надоместување на дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор, во зависност од расположливите средства од Буџетот на општината за 2026 година, се до целосно исцрпување на финансиски средства од Буџетот за оваа намена, во износ од 500.000,00 денари.
5.7 Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањата кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и ја објавува листата на физички лица кои го добиле правото да бидат субвенционирани за дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор.
5.8 Средствата, како дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор кон барателот ќе бидат доставени на негова сметка по извршена проверка и увид на лице место од членовите на Комисијата која ќе потврди за вграден уред во објектот.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес