Новаци: Одлични резултати на натпреварите на учениците од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Одлични резултати на натпреварите на учениците од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци

Учениците од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци, заедно со своите ментори, и оваа учебна година достојно го претставија училиштето, постигнувајќи значајни резултати на регионалните и државните натпревари по македонски и англиски јазик.
Регионалниот натпревар по македонски јазик се одржа во Прилеп, регионалниот натпревар по англиски јазик во Битола, додека најдобрите ученици своите знаења ги покажаа и на државниот натпревар по англиски јазик, кој се одржа во Скопје.
Со својата посветеност, труд и знаење, учениците ги освоија следните признанија:
– Сара Котевска, VI одделение – II место на регионален и II место на државен натпревар по англиски јазик.
Ментор: наставничка Александра Петровска.
– Стефани Талевска, IX одделение – II место на регионален и II место на државен натпревар по англиски јазик.
Ментор: наставничка Аспасија Стојчевска.
– Иво Соклевски и Софија Талевска, VIII одделение – II место на регионален натпревар по македонски јазик.
Ментор: наставничка Билјана Цветковска.
– Михаела Петревска, IX одделение – III место на регионален натпревар по македонски јазик.
Ментор: наставничка Марија Ганчевска.
Им честитаме на сите ученици и нивните ментори за постигнатите успеси, со кои уште еднаш покажаа дека трудот, знаењето и посветеноста носат врвни резултати. Им посакуваме уште многу идни успеси, нови предизвици и достојно претставување на училиштето и Општина Новаци.


Извор: Општина Новаци