Новаци: Полагање цвеќе по повод денот на општината

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Полагање цвеќе по повод денот на општината

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 30 години Општина Новаци, денес беше реализирана активноста за полагање цвеќе во чест на Пеце Матичевски и Трајан Мицевски.
Свежо цвеќе положи градоначалникот на Општина Новаци, заедно со претставници од општинската администрација, како и претседателот на Советот на Општина Новаци со дел од советниците. Делегацијата најпрво оддаде почит на гробот на Пеце Матичевски, а потоа и на гробот на Трајан Мицевски.
Пеце Матичевски е херој кој животот го загуби во конфликтот во 2001 година, додека Трајан Мицевски беше поранешен градоначалник на Општина Новаци, кој остави значаен белег во развојот на општината.
Со овој чин беше оддадена достојна почит за нивниот придонес и нивното значење за локалната заедница, при што се нагласи важноста од зачувување на споменот и вредностите што тие ги оставиле.
Настанот е дел од програмата за одбележување на значајниот јубилеј „30 години Општина Новаци – три децении заедништво, развој и иднина“, со кој се истакнуваат заедништвото, развојот и континуитетот на општината.


Извор: Општина Новаци