Виница: Спортски асови 2025

објавено во Општински вести | 0
Виница: Спортски асови 2025

🏆 Општина Виница успешно ја реализираше манифестацијата „Спортски асови 2025“ 🏆Спортот не е само физичка активност – тој е вредност што ја обединува заедницата, гради здрави навики и создава силни поединци кои се огледало на нашето општество.На манифестацијата „Спортски асови 2025“ беа доделени плакети, благодарници и признанија на најуспешните спортисти, спортски екипи и спортски работници за нивните постигнувања во изминатата година. Добитниците беа избрани врз основа на Јавниот повик бр. 10-15, објавен на 09.01.2026 година.🏅 Добитници на плакети:• Плакета за Најдобар спортист за 2025 – Давид Ристов• Плакета за постигнување високи меѓународни резултати во спортот – Лука Змејковски• Плакета за Млад надежен спортист – Лука Гошев• Плакета за Најдобра спортска екипа – ГФК „Слога 1934“• Плакета за Млада надежна спортистка – Јана Колишева• Плакета за Животно дело во спортот – Виница – Влатко Гошев🤝 Благодарници за унапредување на спортската култура и спортскиот дух:• Бадминтон клуб „Винчини“• Кошаркарски клуб „Винеам“• Филип Атанасов• Благој Ристов🏅 Признанија за постигнати високи резултати во спортот:• Никола Цветанов• Христијан Илиев• Петар ЗахариевОваа година, за првпат, беше доделена и новата награда „Животно дело во спортот на Виница“, како трајно признание за посветеност и значаен придонес во развојот на спортот во нашата општина.Општина Виница и понатаму ќе продолжи да го поддржува спортот и да ги вреднува спортските успеси и спортскиот дух кај младите и возрасните.


Извор: Општина Виница