Во Гевгелија привршуваат градежните работи за изградба и асфалтирање на улицата „Новопланирана 7“, со која се овозможува ново сообраќајно поврзување со улицата „Гоце Делчев“. Станува збор за инфраструктурен проект чија цел е подобрување на сообраќајниот проток и унапредување на условите за безбедно движење во овој дел од градот.
Градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во завршните активности на терен, при што беше истакнато дека проектот е резултат на континуирани анализи и согледувања на потребите за модерни и функционални сообраќајни решенија. Со реализацијата на проектот беа опфатени пробивање и уредување на теренот, изградба на канализација за одведување на атмосферските води, изведба на нов коловоз и целосно асфалтирање на трасата.
Во рамки на улицата е изградена и нова патека за пешаци и велосипедисти, со што дополнително се подобрува безбедноста и мобилноста на сите учесници во сообраќајот. Во наредниот период, согласно сообраќајната техничка документација, ќе се реализира поставување на потребната хоризонтална и вертикална сигнализација, по што улицата ќе биде официјално пуштена во употреба.
Општина Гевгелија продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон современ урбан развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa
Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk
© 2023ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.
Ни треба вашата согласност пред да продолжите на нашата веб-локација.На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.You can revoke or adjust your selection at any time underSettings.
Прифатете само основни колачиња.
Индивидуални поставки за приватност
Детали за колачињаПолитика за приватност
На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.Овде ќе најдете преглед на сите употребени колачиња. Можете да дадете согласност за цели категории или да прикажете дополнителни информации и да изберете одредени колачиња.
Прифати ги ситеЗачувајПрифати само неопходни колачиња
Основните колачиња овозможуваат основни функции и се неопходни за правилно функционирање на веб-локацијата.
Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња
Содржините од видео платформите и платформите за социјални медиуми се стандардно блокирани. Доколку се прифатат колачињата за надворешни медиуми, пристапот до тие содржини повеќе не бара рачна согласност.
Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња
powered by Borlabs Cookie
Политика за приватност
Извор: Општина Гевгелија