Општина Шуто Оризари продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање на поуредена и пофункционална урбана средина.
Со особено задоволство ги информираме граѓаните дека успешно заврши реконструкцијата и асфалтирањето на улиците„Плачковица“и„Бутелски Венец“ – крак 1, проекти реализирани со поддршка на Владата на Република Северна Македонија.
Асфалтирана должина наул. „Плачковица“
Асфалтирана должина наул. „Бутелски Венец“ – крак 1
Со овие зафати значително се подобрува патната инфраструктура, безбедноста во сообраќајот и квалитетот на секојдневниот живот на жителите од овој дел на општината. Овие улици со години беа оставени на забот на времето, со оштетена коловозна конструкција и несоодветни услови за движење на возилата и пешаците. Денес, благодарение на заедничките напори и поддршката од централната власт, граѓаните добиваат современи и уредени сообраќајници кои ќе овозможат побезбедно и покомфорно користење.
Реконструкцијата на овие улици претставува уште еден значаен чекор во процесом на урбан развој на Општина Шуто Оризари. Локалната самоуправа останува посветена на решавање на долгогодишните инфраструктурни предизвици и на реализација на проекти кои директно влијаат врз подобрувањето на условите за живеење на граѓаните.
Шуто Оризари денес се развива и сè повеќе добива обележја на современа урбана средина, достојна за своите жители. Со ваквите инвестиции не се градат само улици – се гради доверба, се создаваат подобри услови за живот и се испраќа јасна порака дека секоја населба и секој граѓанин заслужуваат еднаков пристап до квалитетна инфраструктура и јавни услуги.
Општина Шуто Оризари ќе продолжи и во наредниот период активно да работи на реализација на нови проекти, со цел создавање наподобро, поуредено и поразвиено Шуто Оризари за сите граѓани.
Извор: Општина Шуто оризари