Велес: ОДЛУКА за избор на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територија на Општина Велес

објавено во Општински вести | 0
Велес: ОДЛУКА за избор на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територија на Општина Велес

Советот на Општина Велес на 8-та седница одржана на ден 17.02.2026 година донесе Одлука бр.09-1014/10 за утврдување потреба од спроведување проект за ангажирање на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територијата на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.2/26).

Согласно член 4 од Одлуката, Градоначалникот на Општина Велес со Решение бр.08-1279/1 од 04.03.2026 година форимира Комисија за селекција на кандидати пријавени на јавен повик за ангажирање лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територија на Општина Велес.

Од страна на Комисијата на ден 04.03.2026 година објавен е Јавен повик за ангажирање лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот на територијата на Општина Велес.

Комисијата оствари увид во 22 пристигнати пријави по Јавниот повик и на ден 17.03.2026 година спроведе интервју со сите пријавени кандидати.

По спроведеното интервју согласно член 4 од Одлука бр.09-1014/10 за утврдување потреба од спроведување проект за ангажирање на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територијата на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.2/26), од страна на Комисијата составен е Записник со предлог листа на селектирани кандидати за Јавен повик за агажирање на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територијата на Општина Велес.

Градоначалникот на Општина Велес, врз основа на предлогот на Комисијата доставен со Записникот бр.08-1279/5 од 18.03.2026 година, одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес