22/04/2026|Вести|Општина Јегуновце
Оваа недела, во просториите на Општина Јегуновце, се одржа работна средба со претставници од месната заедница на Старо Село. Во рамки на состанокот се направи преглед на досегашната соработка и успешно реализираните проекти во ова населено место.
Посебен акцент беше ставен на планирањето на идните активности и инфраструктурни иницијативи кои се од суштинско значење за развојот на Старо Село. Општината останува целосно посветена на интензивна соработка со локалните заедници, со цел постојано подобрување на условите за живот на сите граѓани.
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце