Неготино (Вести): Учење преку работа – мост помеѓу образованието и бизнис секторот06/02/2026|Новости|adminГрадоначалничката на општина Неготино Марија Нацева…Read More→Учење преку работа – мост помеѓу образованието и бизнис секторот

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Учење преку работа – мост помеѓу образованието и бизнис секторот06/02/2026|Новости|adminГрадоначалничката на општина Неготино Марија Нацева...Read More→Учење преку работа – мост помеѓу образованието и бизнис секторот

06/02/2026|Новости|admin

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева заедно со директорката на СОУ Св. Кирил и Методиј Сузана Стоева од нашиот град зедоа активно учество на работната средба за социјален дијалот на релација средно училиште – општина Неготино – локални компании кои реализираат учење преку работа.

Заедничка цел е преку директен трилатерален дијалот да се согледаат и да се утврдат реалните потреби на пазарот на трудот во општина Неготино. Токму затоа, сите засегнати работат на утврдување на потребните квалификации и компетенции за младите, зголемување на конкурентноста за учениците по завршувањето на образованието и обезбедување квалитетен кадар за потребите на локалните компании.

Како што истакна градоначалничката Нацева, инвестирањето во знаењето и стекнувањето вештини на нашите ученици е долгорочна инвестиција во иднината на Неготино, притоа давајќи поддршка да се продолжи со ваквите и слични иницијативи кои создаваат посигурни проефесионални патеки за младите во општина Неготино.


Извор: Општина Неготино