14/05/2026|Вести,Известувања|Општина Јегуновце
За првпат на територијата на Општина Јегуновце започна машинско метење и одржување на локалните и регионалните сообраќајници, кое го реализираат екипите на ОЈП Јегуновце.
Со употребата на новата современа механизација, значително ќе се подобри нивото на јавна хигиена и редовното одржување на улиците, а граѓаните ќе добијат побрза и поефикасна комунална услуга.
Општина Јегуновце и понатаму останува посветена на инвестиции во модерни комунални решенија и подобрување на условите за живот, со цел создавање почиста, поуредена и поздрава средина за сите жители.
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце