Општина Македонска Каменица гиизвестуваневладините организации, здруженија на граѓани и фондации, спортски клубови, како и други форми на здружување
– корисници на средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година, дека треба да достават финансиски извештај за искористените средства кој ќе ги содржи неколку задолжителни делови:
– Во наративниот дел корисниците на средства потребно е да ги опишат реализираните активности и проекти, учества во општински, регионални и национални лиги, државни и меѓународни турнири, остварените спортски резултати, бројот на членови во клубот, заеднички проекти со Општина Македонска Каменица и слично.
– Финансискиот дел треба да содржи детален приказ за потрошени средства поткрепен со соодветна документација.
Извештајот може да се достави до Архива (соба бр.1) на Општина Македонска Каменица или на е-адресата на Општина Македонска Каменица:opstina@makedonskakamenica.gov.mkво рок од 7 дена од денот на јавното објавување на ова известување.
Општина Македонска КаменицаГрадоначалникСоња Стаменкова
Извор: Општина Македонска каменица