Дебрца: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

објавено во Општински вести | 0
Дебрца: ЈАВЕН ПОВИК  ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Врз основа на член 22 став 1 точка 3 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 3 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:

ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

Преку мерката за финансирање на проектни активности кои придонесуваат за локален економски развој на општина Дебрца, општината има за цел да го помогне економскиот развој во населените места, да овозможи подобри и полесни услови за живот на своите граѓани како и да го поддржи социјалниот и економскиот развој во општината. Овие мерки тие треба директно да помогнат во задоволување на основните потреби на сиромашните и рурални микрозаедници и население. Со ваквата политика се овозможува директно вклучување на локалното население кое најдобро ги знае сопствените потреби.

Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за локален економски развој на општина Дебрца за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика во соработка со своите жители со цел реализација на проектни активности иницирани од нив кои најдобро ги отсликуваат нивните потреби.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Здруженија на граѓани, асоцијации и слично како и црковни одбори чии активности се предвидени да се реализираат на територијата на општина Дебрца.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде   детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.

Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат  во рамките на програмата за локален и економски развој на општина Дебрца во текот на 2026 година.

Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.

Се препорачува во проектната документација да биде вклучено и писмо за поддршка на проектната активност од месната заедница на чие подрачје е предвидено да се реализира активноста.

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт:Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансирање на проектни активности кои придонесуваат за локален економски развој во општина Дебрца“– лично во архивата на Општина Дебрца.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.

КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

Проектните активности треба да се мали, лесни за реализација и во себе да вклучуваат волонтерски активности од страна на локалното население. Прифатливи за финансирање се активности кои се однесуваат на следново:

за пиење/изградба на систем за наводнување/каптажа/набавка на резервоар за вода, неповратна помош за водовод;

Подобрување на условите за живот и заштита на животната средина

Мала туристичка инфраструктура за рурален, активен и еко туризам

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

Избраните проекти за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца:www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за локален и економски развој на општина Дебрца за 2026 година.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286855.

Прилог:Апликационен-формулар лер

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Дебрца. Тука можете да ги најдете сите новости, информации, и документи поврзани со работењето на општината.

Адреса:с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 11:00 до 11:30 часот)

Телефон / Факс:+389(0)46286855

Е-поштаcontact@debrca.gov.mk


Извор: Општина Дебрца