Гевгелија: Започна со работа Летната ликовна школа во Пионерскиот дом- Гевгелија

објавено во Општински вести | 0
Гевгелија: Започна со работа Летната ликовна школа во Пионерскиот дом- Гевгелија

Во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија започна со работа Летната ликовна школа, која и ова лето ќе им овозможи на децата креативно и исполнето да го поминат дел од летниот распуст, развивајќи ги своите уметнички способности и таленти.

Летната ликовна школа се реализира под менторство на м-р по уметности Мирјана Крстева Массетти, а ќе се одржува до 23 јуни 2026 година, секој работен ден од 10:00 до 12:00 часот, во просториите на Пионерскиот дом.

Учеството е слободно и е наменето за деца кои имаат интерес за цртање, сликање и креативно изразување. Преку различни ликовни техники и практична работа, учесниците ќе имаат можност да ги надградуваат своите знаења и вештини, да ја развиваат својата креативност и да создаваат сопствени уметнички творби во инспиративна и пријатна атмосфера.

Програмата на школата е осмислена да поттикне љубопитност, имагинација и слободно творечко изразување кај децата, овозможувајќи им да се запознаат со основите на ликовната уметност, композицијата, бојата и формата, но и да стекнат нови пријателства и позитивни искуства преку заедничка работа.

Со реализацијата на Летната ликовна школа, ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија продолжува со својата мисија за поттикнување на детското творештво, креативност и културен развој, нудејќи квалитетни и едукативни содржини за најмладите и во текот на летниот период.

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk

© 2026ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.


Извор: Општина Гевгелија