Планот предвидува целосна реконструкција и уредување на спортско –рекреативниот парк во катарстарските парцели 1377/1, 1377/9 и 1377/1, со цел создавање на современ, функционален и безбеден простор наменет за сите генерации.
Прокетот опфаќа уредување на зелените површини, поставување на спортски терени, детски игралишта, пешачки патеки, урбана опрема ( клупи, корпи за отпад, јавна расвета) и други содржини кои ќе го направат паркот привлечно место за одмор, рекреација и спорт.
ЗОШТО Е ВАЖЕН ОВОЈ ПРОЕКТ:
Со создавање ба модерни спортски содржини, паркот ќе поттикнува физичка активност кај граѓаните, особено кај младите, продонесувајќи за здрав живот и превенција од болести.
Паркот ќе стане место за средби, дружење и заеднички активности, зајакнувајќи ги социјалните врски во локалната заедница.
Уредените детски игралишта и спортските терени ќе обезбедат безбеден простор за игра и рекреација, каде децата и младите ќе можат квалитетно да го поминуваат слободното време
Зелените површини и парковските содржини директно влијаат врз подигнувањето на квалитетот на живеење во непосредната околина и во целата општина.
Уредениот парк ќе придонесе за подобар имиџ на општината и ќе ја зголеми нејзината атрактивност за посетителите и потенцијалните инвеститори.
Граѓаните со овој проект ќе добијат:
Извор: Општина Шуто оризари