Врз основа на член 50, став 3 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
Вкупната површина на планскиот опфат, што се применува при изработка на Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9 изнесува 218752.03m2, односно 21,88ха вклучувајќи ја и површината помеѓу регулационите линии одредени и површината до оските на сообраќајници,
Во предметниот плански опфат се предвидува зона за градби со намена:
Вкупната површина на планскиот опфат, што се применува при изработка на Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“ изнесува 16292.69m2, односно 1,63ха вклучувајќи ја и површината помеѓу регулационите линии одредени и површината до оските на сообраќајници.
Во предметниот плански опфат се предвидува зона за градби со намена:
Б1 – мали единици за комерцијални и деловни дејности
Б2 – големи единици за трговија
Б4 – деловни комерцијални дејности во големи канцелариски згради
Д1 – парковско и пејзажно зеленило
Д2 – заштитно и сообраќајно зеленило
Е1 – сообраќајни линиски и други инфраструктури
Е1.1 – сообраќајни патни инфраструктури
Е1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија
Јавната презентација по Нацрт Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9 и Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“ ќе се спроведе како обединета постапка со времетраење од 30 дена, и тоа од 10.07.2026 до 10.08.2026 година .
Во утврдениот рок за јавната презентација заинтересираните граѓани и правни лица како и државните органи и други институции на анкетни листови ќе можат да ги доставуваат своите забелешки, предлози и мислења по Нацрт Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9 и Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“ во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Урбанистичките планови ќе бидат изложени на огласна табла во просториите на Општина Велес, во информацискиот систем е – урбанизам и на web страната на Општина Велесhttps://veles.gov.mkа информации за истите може да се добијат секој работен ден од 07:30 – 15:30 часот.
Јавната расправаза Нацрт Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9, Општина Велес со кој ќе се стави на увид и проверка пред широката јавност ќе се одржи на ден 18.08.2026 година (вторник) со почеток во 12:30 часот, во просториите на Општина Велес.
Стручна расправапо Нацрт Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9, Општина Велес ќе се одржи на ден 25.08.2026 година (вторник) во 12:30 часот, во просториите на Општина Велес.
Јавната презентацијасо стручно презентирање на Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“, Општина Велес во аналогна форма ќе се одржи на ден 14.07.2026 година (вторник) во 12:30 часот, во просториите на Општина Велес.
Стручната јавност може да ги достави своите забелешки, предлози и мислења по Нацрт Измена и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 1, УБ 7 и УБ 9 и Детален урбанистички план за дел од УЕ 1, дел од УБ 9, плански опфат помеѓу ул. „АСНОМ“ (Моша Пијаде), ул. „Алексо Демниевски“ и ул. „Новопланирана улица 1“, најдоцна во рок од 15 дена од одржување на стручната расправа.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес