Кочани (Вести): Кочанските училишта приредија настан во чест на месецот на Европската Унија

објавено во Општински вести | 0
Кочани (Вести): Кочанските училишта приредија настан во чест на месецот на Европската Унија

На сцената на Центарот за култура „Бели мугри“, учениците приредија музичко-ритмички настапи кои ја пренесоа енергијата на европското заедништво. Преку креативно уредени штандови, беа претставени културните обележја, традициите и симболите на седум земји членки на ЕУ: Белгија, Португалија, Франција, Германија, Италија, Австрија и Словенија.

Настанот што го организира Општина Кочани во соработка со Министерството за европски прашања има за цел на локално ниво да ги промовира европските вредности, можности и придобивки од европската интеграција.


Извор: Општина Кочани