Делчево (Новости): Интензивно се работи на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Интензивно се работи на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите

Интензивните врнежи од снег од синоќа ги мобилизираа екипитезадолжени зазимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево.

Со механизација и рачно екипи на ЈКП „Брегалница“работат на терен на расчистување на снегот одјавните површини, пристапни патеки,коловози и тротоари на градските улици.Во функција се ставени  градежни машини, фреза за чистење снег од тротоарите, а се нанесува и сол и ризла со цел безбедно движење по улиците, но и редовно одвивање на работите на Претпријатието.

Од ЈКП „Брегалница“ информираат декарасполагаат со доволно количини ризла и сол, асогласно со потребите,сукцесивно ќе се набавуваатдополнителнитеколичиниабразивни материјали.

Фирмата задолжена за зимско одржување на улиците и патиштата во Делчево, СД ТРАНС, реагира на критичните точки во градот, а екипи ќе работат и на расчистување на локалните патишта за Стамер, Вирче и три патишта во Нов Истевник.

Инаку, патиштата и улиците се чистат согласно со приоритетната листаи Планотназимскоодржување патишта и улици. Во Планот сеопфатенипатишта со асфалтен коловоз од88,5 км, патишта со коловоз макадам од 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 39,83км. Надзор на извршените работи врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.Чистењето на снегот од коловозите на патиштата и улиците отпочнува пред дебелината на снеготдадостигне10  сантиметри  за сообраќајниците од прв и втор приоритети15 сантиметри кај сите останати сообраќајници опфатени соПланот, со посебно вниманиена:остритекривини, стрмнитекосини, мостовите, големи надолжни нагиби и делови каде има сенка (шуми, осојничави места, реки и слично), патни премини и вкрстувања итн.

Зимското одржување на регионалните и магистралните патишта на територијата на Општина Делчево се во надлежност на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

Првиот снег за оваа зима, донесе снежна покривка во Делчево со дебелина од 5 до 10 см. Општина Делчево апелира до граѓаните да си ја исполнат својата граѓанска должност и да го исчистат снегот од пристапите до нивните објекти, односно дворови. Посебно се апелира до правните лица да го исчистат делот пред нивните објекти со цел да се овозможи непречено движење и пристап до објектите.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево