Кочани (Вести): Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ – Пониква 2026

објавено во Општински вести | 0
Кочани (Вести): Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ – Пониква 2026

Во тишина, со почит и со многу емоции, колоната се движеше по Патеката на ангелите, сè до највисокиот врв на Пониква – Панаѓур (1669 м н. в.).

– Овој марш не е само искачување на планина – ова е марш на сеќавање, достоинство и заедништво, кој ќе продолжи да се одржува секоја година – истакнуваат организаторите.

По завршувањето на маршот, за сите учесници беше обезбеден ручек, а беа доделени и благодарници за клубовите и поединците што помогнаа во неговата реализација.


Извор: Општина Кочани