Берово: Координативна средба за унапредување на подготвеноста и реакцијата при шумски пожари

објавено во Општински вести | 0
Берово: Координативна средба за унапредување на подготвеноста и реакцијата при шумски пожари

Во просториите на Општина Берово, денеска, се одржа координативна средба со претставници на сите релевантни институции и организации, вклучени во системот за превенција и справување со шумски пожари.

На средбата присуствуваа претставници од ЈП „Национални шуми“, Шумската полиција, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ТППЕ Берово, Здруженија на граѓани, Здравствен дом Берово, како и МВР Берово.

Целта на средбата беше зајакнување на меѓуинституционалната координација, навремена размена на информации и унапредување на подготвеноста за брзо и ефикасно реагирање, при евентуална појава на шумски пожари.

Присутните дискутираа за досегашните искуства, предизвиците на терен, како и потребата од подобрување на комуникацијата и координацијата помеѓу службите.

Во рамки на средбата, беа договорени и идни активности, меѓу кои: изработка на заеднички оперативен план за делување, организирање на теренски вежби и симулации, спроведување на едукативни кампањи за подигање на јавната свест, како и зајакнување на техничките и човечките капацитети на надлежните служби.

Со вакви координирани пристапи, Општина Берово и сите релевантни претставници на институциите,  ја потврдуваат својата посветеност кон заштита на шумските ресурси и безбедноста на граѓаните, пред се.

Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.

Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)

Телефон / Факс:+389 33/471-057

Е-пошта[email protected]


Извор: Општина Берово