10/07/2026|Вести,Известувања|Општина Јегуновце
Општина Јегуновце е во завршна фаза со реализација на градежните работи за покривање на каналот во Јажинце, проект со вкупна должина од 140 метри. Станува збор за инвестиција која беше меѓу клучните барања на локалното население, на која Општината веднаш одговори со обезбедување на потребните буџетски средства.
Покрај примарното покривање на каналот, со овој градежен зафат истовремено се врши и проширување на локалниот пат во ова населено место, со што значително се олеснува сообраќајната комуникација за жителите.
Со реализацијата на овој проект, Општина Јегуновце трајно го решава долгогодишниот проблем на граѓаните од овој дел на општината. Директен резултат од овие активности е подигнување на безбедноста во сообраќајот на повисоко ниво, како и обезбедување на почиста и поуредена животна средина.
Локалната самоуправа продолжува со рамномерни инвестиции кои одговараат на реалните потреби на граѓаните. Целта на Општина Јегуновце останува силна, развиена и модерна општина за сите!
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk
Извор: Општина Јегуновце