Општина Делчево го организира првиот натпревар во косење трева со рачна коса кој ќе се одржи на 4 август, вторник, во Делчево на локација која дополнително ќе биде објавена.
Целта на настанот е да сеизбере највештиот косач на трева и да сезачува и промовира традиционалниот начин на косење, да се негуваат старите занаети и да се поттикне дружење и натпреварувачки дух.
Право на учество имаат сите полнолетни лица кои поседуваат вештини за косење со рачна коса и ќе се придржуваат конследнитеправила на натпреварот:
За најдобриот косач е обезбедена награда:Прво место – рачна коса.Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до31јули, во просториите на Општина Делчево или прекулицето законтактКирчо Анастасов- тел.079 329 300.
Ги повикуваме сите љубители на традицијата да бидат дел од овој настан и заедно да придонесеме за зачувување на македонското културно наследство.
Јавниот повик и Пријавата за учество можете да го најдете на следниотлинк
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево