Јегуновце (Вести): Интензивни активности за расчистување на патиштата во Oпштина Јегуновце

објавено во Општински вести | 0
Јегуновце (Вести): Интензивни активности за расчистување на патиштата во Oпштина Јегуновце

15/04/2026|Вести|Општина Јегуновце

Општина Јегуновце информира дека во изминатите денови екипите на ОЈП Јегуновце започнаа со засилени активности за расчистување на дрвја, густа вегетација и обрасната трева долж регионалните и локалните патишта на територијата на општината.

Покрај механичкото отстранување и расчистување, се спроведува и прскање на тревните површини покрај коловозите, со цел да се спречи нивно повторно интензивно растење и да се одржи уреден изглед на патната инфраструктура.

Активностите се реализираат во сите населени места и ќе продолжат и во наредниот период, сè до целосно уредување на сите критични делови покрај патиштата.

Целта на овие активности е подобрување на видливоста, зголемување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на општиот изглед на Oпштина Јегуновце.

Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна МакедонијaРаботно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)Телефон:+389 (044) 397 766E-mail:o-jegunovce@t.mk


Извор: Општина Јегуновце