Делчево (Новости): 12 Седница на Советот на Општина Делчево: Општина Делчево ја започна постапката за трансформација на ТИРЗ…

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): 12 Седница на Советот на Општина Делчево: Општина Делчево ја започна постапката за трансформација на ТИРЗ...

Советот на Општина Делчево денеска ја одржа 12 Седница на која се расправаше и се донесоа акти по 13точки предложени со Дневниот ред за Седницата.

Советот ја донесе Одлукатаза покренување иницијатива за започнување постапка за трансформација на Технолошко индустриска развојна зона „Делчево“ во индустриска зона согласносоЗаконот за индустрискизелени зони.Со оваа одлука, Советот на Општина Делчево покренува Иницијатива и предлага до Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони да ја разгледа можноста и да преземе активности за започнување постапка за трансформација на Технолошко индустриска развојна зона „Делчево“ во индустриска зона, согласносоодредбите од Законот.Иницијативата се поднесува со цел создавање правни, организациски и практични предуслови за ставање во функција на просторот на зоната, забрзување на локалниот економски развој, привлекување домашни и странски инвестиции, поддршка на локалното стопанство и отворање нови работни места на подрачјето на Општина Делчево

Советниците дадоа зелено светло на Измената на Статутот на Општина Делчево:Во глава I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ,се менува членот4 и гласи: „Седиштето на Општината е во Делчево, на ул.„ Љубомир Белогаски“ бр.1.“; и во глава X. МЕСНА САМОУПРАВА ВО ОПШТИНАТА,членот137 се менува и гласи: Кога Советот на општината ќе оцени дека се исполнети условите и основани потребите за основање на облик на месна самоуправа, донесува Одлуката за основање на урбана односно месна заедница.

На Седницата се донесе Одлука за промена на седиштето на Општина Делчево со која се менува седиштетона Општина Делчево кое досегабешерегистрирано на ул.„Светозар Марковиќ“бр.1, со тоа што во иднина СЕДИШТЕТО наОпштинатаќегласи: Седиштето на Општина Делчево е на ул.„Љубомир Белогаски“бр.1.

Советот донесе Одлука  за формирањеОпштинскисоветзапревенцијанадетскопрестапништвосо којасе формира Општинскиотсовет за превенција на детско престапништво на Општина Делчевокојима 9(девет) членови.

За членови наОпштинскиот совет се именуваат:

1. Марија Аџиска – претставник од Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи Делчево;

2. Емилија Димитровска – претставник од Меѓуопштински центар за социјална работа Делчево; 3. Анетка Џоревска–Костадиновска- претставник од Советотна родители на СОУ „М.М.Брицо“ Делчево;

4. Соња Арсовска – претставник од Советотна родители на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево;

5. Ѓурѓа Т. Здравковска-претставник од Советотна родители на ООУ„Св.Климент Охридски“

6. Клаудија Иванова- претставник одУнијата на средношколци;

7. Софија Спасевска- адвокат, претставник од Адвокатската комора;

8. Анита Цоневска- претставник од Здруженија и фондации и

9.Наташка Атанасовска– судија определен од претседателот на судот

Членовите наОпштинскиот совет се именуваат за време од пет години, со право за повторен избор, а членовите наОпштинскиот совет од своите редови избираат претседател, со мандат од 2 (две) години, со право на повторен избор.

На Седницата беше донесено и Решението за формирањеКомисијазапроцена и утврдувањенависинатанаштетатанастанатаодприроднанепогода-голомразицанатериторијатанаОпштинаДелчевовомесецмај 2026 година;

Со оваа Решение се формира Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Делчево, во следниот состав:

1. Кире Цоневски-претставик од општинската администрација при Општина Делчево

2. Дејан Јовановски, претставник од Совет на Општина Делчево;

3. Тони Стаменковски, претставник од Совет на Општина Делчево;

4. Игор Гошевски, претставник од Совет на Општина Делчево;

5. Харис Мингаров – претставник од Министерствотоза земјоделство, шумарство и водостопанство, Подрачна единица Делчево;

6. Александра Ковачка – претставник од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Подрачна единица Делчево;

7. Александар Димитровски- предлог на Министерство за земјоделство, шумарство иводостопанство, Подрачна единица Делчево.

При процена и утврдување на висината на штетата, Комисијата ќе ја применува Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.181/2021). Проценетите штети, Комисијата ги евидентира на пропишани обрасци и табели. За својата работа Комисијата изработува Извештај за процената на штетата во вид на елаборат кој се доставува до Советот на Општина Делчево на разгледување и усвојување и до Владата на РСМ.

Пред советниците беше и Програмата за измена на Програмата за култура на Општина Делчево за 2026 со која беше предложено зголемување на буџетот на Програмата за 300.000 ден. во делот Делчевско културно лето за одржување целовечерни концерти на македонски и странски артисти. Но, по предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Буџетот за Делчевско лето 2026 г. беше зголеменaна 1.000.000 ден, со што вкупниот буџет на Програмата за култура на Општина Делчево изнесува 1.735,000 ден.

Советот на Општина Делчево даде согласност на Годишниот план за вработување за 2027 година на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево; донесе Одлука за  финансиска поддршка на КУД „Гоце Делчев“-Делчево; Одлука за парична помош по Барање бр.09-2092/1 од 09.06.2026 година; Одлука за парична помош по Барање  09-2195/1 од 19.06.2026 година; Одлука за давање согласност за отуѓување и предавање на правното лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на електронски отпад на движните ствариза отпис и расходување  електронски електриченво ООУ „Св.Климент Охридски“.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево