[vc_row][vc_column][vc_column_text]Меѓу бројната конкуренција, тимот на ООУ „Јан Амос Коменски“ денеска постигна огромен успех освојувајќи ја првата награда во категоријата за Најиновативно еко решение, во рамки на еднодневниот настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, кој го организираше Агенцијата за иновации научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Станува збор за креативен и едукативен ден кој е наменет за учениците од основните училишта во Скопје, а настанот се одржа во просториите на Младинскиот културен центар, по повод денот на креативноста и иновативноста 21 април.
Овој значаен успех е резултат на посветената работа на тимот „Go Green“, составен од учениците: Михаил Јачовски, Аника Манасијевска, Максим Ампов, Лара Нелковска, Мартин Ивановски кои преку креативен пристап и иновативни идеи дадоа пример за тоа како младите можат активно да придонесат кон заштита на животната средина.
Исто така, тимот составен од учениците: Михаил Лазаревски, Лука Ристески, Нора Кус-Иванова, Марина Талевска и Нина Ќуркчиева се истакна со одлична работа, креативност и тимска соработка и покажа високо ниво на знаење и посветеност во текот на целиот настан.
Ментор на тимовите е Татјана Ѓеоргиевска, чија поддршка и насоки беа клучни во реализацијата на ова достигнување. Поддршка даде и Соња Казакова, педагог на училиштето, која активно даде придонес во текот на целиот настан
Покрај стимулирање на компететивниот дух, со овој настан младите скопјани се поттикнуваат да размислуваат иновативно и да развиваат одржливи (зелени) решенија за реалните проблеми од својата околина, преку практична тимска работа и претприемачки пристап. [/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”61361,61362,61363,61364,61365,61366″ img_size=”full” slides_per_view=”4″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]
Извор: Општина Карпош