Струмица (Огласна табла): Јавен повик за избор на партнерска организација – економски оператор (правен суб

објавено во Општински вести | 0
Струмица (Огласна табла): Јавен повик за избор на партнерска организација – економски оператор (правен суб

Врз основа на  член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02) и член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник  на општина Струмица„ бр  4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19),  а во врска потребата од реализација на поединечните активности од 2донесената  Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот, поточно програмата G1 поддршка на ЛЕР во 2026 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, заверена во општинска архива под број 08-9689/1 од 29.12.2025 година објавена во „Службен гласник на општина Струмица  бр 18/25“, Планот за реализација на поединечни активности од  Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година, заверен во општинска архива под број 23-03/1од 15.01.2026год. и одобрената Иницијатива за започнување на поединечна постапка за реализација на активноста од страна на Градоначалникот, заверена под број 09-636/2 од 29.01.2026 година, соодветно на Одлуката за усвојување, односно извршување на Буџетот за 2026 година, донесена на Седница на совет на општина Струмица одржана на 26.12.2025 година, заверена во општинска архива под број 09-9653/1 од 29.12.2025 година,  Градоначалникот на општина Струмица објавува:

Избор на Партнерска организација–економски оператор(правен субјект/организација– Консултант) заради реализација наАктивност бр1.1.Подготовка и изработка на  „Стратегија за Локален економски развоји туризам на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план (2026-2031)одМерка бр 1Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности,дел од областаУнапредување и развој на локалната економија, составен дел наПрограматаG1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година

Потреба на јавен повик

Заради потребата од исполнување-реализација наПрограмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот, поточно Програмата G1 поддршка на ЛЕР во 2026 година,односно реализацијата наАктивноста1.1.Подготовка и изработка на „Стратегија за Локален економски развој и туризам на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план (2026-2031), произлезена одМерка бр 1Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности,дел од областаУнапредување и развој на локалната економија и во таа насока потребата Општина Струмица и  во наредниот период да ги унапредува и развива општинските политики (особено локалната економија како надлежност на Одделение за ЛЕР)  во рамките на подготовка и креирање на нов четиригодишен стратешки документ,  изработен врз основа на спроведени процедури со докази за примена на принципите (партиципативност-учество на сите релевантни чинители и засегнати страни,транспарентностиотчетност) како процес, Градоначалникот на Општина Струмица  преку надлежното одделение, објавува Јавен повикза избор на Партнерска организација – економски оператор (правен субјект/организација-консултант)  заради реализација на  планираната програмска  активност во 2026 година од причини што важноста на постоечката Стратегија за Локален економски развој на Општина Струмица  е истечена.

Во таа насока, имајќи ги во предвид заложбите на општината да гради  партнерства со останатите релевантни чинители на локално ниво (Институциите на системот, бизнис заедницата  и граѓанскиот сектор чија сфера на делување е унапредувањето на локалната економија и туризмот) во процесот на креирање, донесување и спроведување на тие документи како општински политики, надлежното одделение за ЛЕР во рамките на транспарентно спроведена  процедурата за реализација на оваа потреба, нотирана како посебна активност, (креирање и изработка на „Стратегија за Локален економски развој и туризмот на Општина Струмица 2026-2031“, со Акциски план (2026-2031),  инкорпорирана  во ПрограматаG1 Поддршка на ЛЕРво 2026 година, како дел од целокупната програма на Општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот за 2026 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, ја потврдува потребата преку Јавен повик да избереПартнер организација –економски оператор(правен субјект/организација– Консултант),со експертиза и стручност да помогне во реализацијата на активноста, односно во соработка со надлежното одделение да го води целиот партиципативен процес согласно стандардите за подготовка и креирање на таков документ од исклучителна важност за идните развојни економски политики на општината.

Во рамките на спроведена законско административно правна процедура да се избере Партнер организација –економски оператор со доволна експертиза, стручност и компетенции да  помогне  во спроведувањето на партиципативниот процес на креирање на новиот општински четиригодишен стратешки документ („Стратегија за Локален економски развој и туризмот на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план 2026-2031) и  да придонесе кон партиципативното креирање и спроведување на општинските политики базирани на транспарентност и отчетност се со една единствена намера да ја зајакнеме довербата на граѓаните во правилното функционирање на општината и во таа насока правилното трошење на буџетските финансиски средства или парите од граѓаните со кои менаџира општината, воедно потврдувајќи:

И секако,планираните/предвидените финансиски средства воАктивностабр 1.1.Подготовка и изработка на„Стратегија за Локален економски развој и туризмот на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план 2026-2031 одМерка бр 1Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности,дел од областаУнапредување и развој на локалната економија, составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година во висина одвкупно 250.000,00 денарида се стават на располагање како трошок (паричен надоместок) за реализација на целиот процес од страна на избраната партнер организација – економски оператор.

Како субјекти кои можат да конкурираат  на јавниот повик се определуваат правни субјекти/организации – Консултанти со докажани компетенции, стручност и искуство во изработката на стратешки документи од  Република Северна Македонија.

Подобност на подносителот на пријавата(апликант)

– Да бидат регистрирани како правни субјекти/здруженија на граѓани согласно Законот за трговски друштва /Закон за здруженија и фондации на Република Северна Македонија;

– Остварувањето на програмите и дејствувањето на правните субјекти/здруженијата на граѓани / фондации  кои се јавуваaт на јавниот повик да се во рамките на Уставот и Законите на Република Северна Македонија.

– Во прилог на пријавата (документите) да имаат  доставено:

Техничка и професионална способностза економскиот оператор

– економскиот оператор да има најмалку 10 годишно искуство во изработка на локални и регионални стратешки документи, програми, студии и планови

– економскиот оператор да има изработено најмалку 5 регионални / национални Програми за поддршка на приватниот сектор со Акциски Планови

– економскиот оператор да има изработено најмалку 5 локални / регионални / национални документи: Водичи за инвестиции, Студии, Стратегии

– економскиот оператор да има изработено најмалку 5 регионални / национални Комуникациски стратегии со Акциски Планови

– економскиот оператор да има изготвено најмалку 1 Стратегија за Локален економски развој

– економскиот оператор да има изготвено најмалку 3 стратешки документи (Стратегии / Студии / Програми) на локално ниво

– економскиот оператор да има искуство од имплементација на најмалку 5 IPA проекти

– економскиот оператор да има соработка со најмалку 5 интернационални институции

– економскиот оператор да има изготвено и имплементирано најмалку 10 проекти со/за микро, мали и средни компании

– економскиот оператор да има имплементирано најмалку 5 проекти од областите на претприемништво и социјално претприемништво

– економскиот оператор да има искуство во организација на настани, обуки, јавни презентации, тим-билдинг активности за потребите на локални, регионални и национални институции и организации – најмалку 5 вакви настани, обуки, јавни презентации, тим-билдинг активности

-економскиот оператор да има тим за реализација на проектот, вработени лица во економскиот оператор, составен од:

Тимот за реализација на проектот мора да ги исполнува наведените услови за секој засебен член наведени подолу.

Економскиот оператор го докажуваисполнувањето на минималните условиод Техничка и професионална способност со доставување на:

– изјава од одговорното лице дека економскиот оператор да има најмалку 10 годишно искуство во изработка на локални и регионални стратешки документи, програми, студии и планови;

– Договори со национални / регионални организации и институции за изработка на најмалку 5 Програми за поддршка на приватниот сектор со Акциски Планови

– Договори со локални / регионални / национални организации и институции за изработка на најмалку 5 локални / регионални / национални документи: Водичи за инвестиции, студии, стратегии

– Договори со национални / регионални организации и институции за изработка на најмалку 5 Комуникациски планови со Акциски Планови

– Најмалку 5 договори со интернационални организации и институции за имплементација на проекти и активности

– Договори со локални / национални институции или организации за изготвување на најмалку 1 Стратегија за локален економски развој

– Договори со национални / интернационални организации и институции за најмалку 5 IPA проекти

– референтна листа на компании со контакт информации од одговорни лица за најмалку 10 изготвени и имплементирани проекти

– Договори со национални / интернационални организации и институции за најмалку 5 проекти имплементирани од страна на економскиот оператор од областите на претприемништво и социјално претприемништво

– Најмалку 5 договори со национални / регионални / локални организации и институции со предмет на набавка: организација на настани, обуки, јавни презентации, тим-билдинг активности за потребите на локални, регионални и национални институции и организации

– М1 / М2 од водечките членови на тимот како документи за потврда на работниот ангажман кај економскиот оператор на членовите на тимот

Техничка и професионална способностза членовите на тимот:

– Завршено високо образование од областа на општествени науки

– Работен ангажман кај економскиот оператор

– Најмалку 15 години релевантно искуство во областа на Локалниот економски развој, стратешко планирање, изработка на бизнис и деловни планови, истражувања на јавното мислење, градење капацитети, изработка на локални и регионални, стратешки документи (стратегии, студии, планови)

– Одлични вештини за пишување стратешки документи.

– Способност за професионална соработка со тимови, институции и засегнати страни.

– Најмалку 10 години релевантно искуство во имплементација на IPA проекти

– Најмалку 10 години релевантно искуство во изработка на:

– Најмалку 10 години релевантно искуство во соработка со приватен сектор преку изработка на Бизнис Планови, Маркетинг Планови, Иновациски и Инвестициски проекти

– Најмалку 10 години релевантно искуство во работа со јавен и невладин сектор, млади, социјала

– Најмалку 5 години работно искуство во изработка на анализи, планови, програми, истражувања, проекти и/или стратегии за претприемништво и социјално претприемништво

– Докажано искуство во работа со различни категории на лица, мерки за вработување / самовработување, одговорно планирање и социјална инклузија.

Во прилог на документацијата се приложуваат сите докази  (CV, сертификати, дипломи, признанија и други релевантни документи)

– Апликантите кои имаат намера да се јават на Јавниот за 2026 година, може да се јават исклучиво како самостоен апликант и процесот да го водат исклучиво согласно Методологија и План за реализација, доставена во прилог на целокупната документација;

– Апликантите не смеат да делегираат обврски на други лица или организации кои во нивно име ќе го спроведуваат процесот

-Не смеат од општинските финансиски средства кои се ставаат на располагање за таа намена да плаќат трошоци или хонорари на други лица надвор од вклучениот – прикажан тим уште во самата апликација

Времетраење на реализацијата на партнерската соработка

Партнерската соработка  ќе се дефинира во рамките на Договор за партнерска организација  помеѓу општината и избраниот економски оператор  по предходно спроведена процедура – именувана со Решение од Градоначалникот на општина Струмица за период од 6 месеци распореден во две фази на временски период:

-пет месеци период на партиципативна подготовка, креирање и изработка на стратешкиот документ

– еден месец на јавна консултација на изработениот стратешки документ со релевантните чинители и засегнати страни

Процесот го води избраниот економски оператор се до усвојувањето на стратешкиот документ од страна на Советот на Општина Струмица!

Начин на достава на проектната документација

Пополнетите апликации со целосната задолжителна документација мора да се поднесат  како„пакет“кој содржидве (2) целосни и идентични печатени копии  на сите документи погоре наведени и една електронска копија (на CD или USB),по препорачана пошта или лично, во запечатен плик, во општинската архива  на следната адреса:

улица: „Сандо Масев“ бр 1,2400 Струмица

За да бидат прифатени пријавите, апликантите мора целокупната документација како поднесок да ја достават до општината, лично или по препорачана пошта,во запечатенединечен пакет-пликво работни денови(понеделник до петок),помеѓу08:00и16:00часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Назнака „ЈАВЕН ПОВИКза Избор на Партнерска организација–економски оператор(правен субјект/организација – Консултант) заради реализација наАктивност бр1.1.Подготовка и изработка на„Стратегија за Локален економски развој и туризмот на Општина Струмица 2026-2031“ со Акциски план (2026-2031)одМерка бр 1Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности,дел од областаУнапредување и развој на локалната економија, составен дел наПрограматаG1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година

Крајниот рок за поднесување на апликациите(комплетната документација) е30 (триесет дена), сметан и  денот на објавување на јавниот повик на општинската веб страница!

Апликациите- пријавите кои ќе пристигнат по зададениот рок по пошта ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е пред официјалниот краен рок.

Апликациите- пријавите  кои ќе бидат испратени на друг начин ( е-маил) или кои ќе бидат испорачани на друга адреса нема да бидат земени предвид.

Други важни информации

Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.Апликациите кои ќе пристигнат по пошта по крајниот рок за аплицирање ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е во рамките на официјалниот краен рок.Применатадокументацијанесевраќа!


Извор: Општина Струмица