Македонска Каменица (Настани): Општина Македонска Каменица ги повикува иселениците да испратат видео порака за „Ден на дијаспората 2026“

објавено во Општински вести | 0
Македонска Каменица (Настани): Општина Македонска Каменица ги повикува иселениците да испратат видео порака за „Ден на дијаспората 2026“

Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ ги повикуваат сите наши сограѓани кои живеат и работат во странство, како и сите пријатели на нашата општина, да испратат кратка видео порака која ќе биде прикажана во рамки на манифестацијата„Ден на дијаспора 2026“.

Видео пораките треба да бидат со времетраење до20 секундии да ги содржат следните информации:

Видео пораките можете да ги испратите на e-mail адресатаgoran.iliev@makedonskakamenica.gov.mkили прекуViberиWhatsAppна телефонскиот број+389 75 951 964.

Ги повикуваме сите наши иселеници да бидат дел од оваа убава иницијатива и преку својата порака да испратат поздрав до своите сограѓани и да покажат дека, без разлика каде живеат, Македонска Каменица секогаш останува нивниот дом.

„Каде и да сте во светот – на Денот на дијаспората сте дома.“


Извор: Општина Македонска каменица