Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИК за практикантство во Општина Центар – Скопје

објавено во Општински вести | 0
Центар (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИК за практикантство во Општина Центар – Скопје

За практикантство во Општина Центар – Скопје

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повикза практикантство (ангажирање на практиканти) во Општина Центар – Скопје.

Јавниот повик е отворен од27.04.2026година и ќе траедо 10.05.2026 година.Практикантската работа ќе започне од 01.06.2026 година.

Соовој јавен повик ќе сеовозможи на сите студенти и/или апсолвенти на државни/меѓународни/приватни факултети да остварат практикантство во Општина Центар – Скопје, кои жители на општина Центар –Скопје.

Практикантството ќе се реализира во секторите на општината согласно можностите и потребите на општинската администрација  на општина Центар.

Потребно да се достават следните документи:

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик(27 Април 2026). По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени затекот на постапката.

Согласно член 7 од Законот за практикантство, Општина Центар ќе прифати максимум осум (8) практиканти, а согласно член 6 од истиот закон, правото напрактикантство ееднократно, со максимално времетраење од 6 месеци.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број02/ 3203-600 и 02/ 3203-655 или на следнатае-маил адреса:vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Д-р Горан Герасимовски


Извор: Општина Центар